25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle откри колку површина e мапирана на Street View и Earth

Google откри колку површина e мапирана на Street View и Earth

Познато е дека Google фотографираше огромни површини на планетата Земја за проектите Street View и Google Earth, но компанијата за прв пат откри за колкава површина точно се работи.

Така, корисниците сега знаат дека Street View покрива над 16 милиони километри, а Google Earth над 93 милиони квадратни километри. Google Earth бројката е прилично импресивна, а поради што компанијата тврди дека сега покрива 98 проценти од површината населена од луѓе, додека Street View укажува на тоа дека Google е далеку пред другите услуги.

Покрај предностите пред другите, Google со овие податоци докажува на тоа дека е решен целиот свет уредно да го спакува во своите услуги и апликации, а секоја услуга игра значајна улога во мапирањето, за што придонесува и апликацијата Google Maps која во секојдневниот живот најчесто се користи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП