
Неделната програма од англиската Премиер лига донесе три натпревари на кои поуспешни беа госинските екипи. Манчестер сити во дербито славеше против Арсенал, Тотенхем со гол во судиското надополнување ги освои бодовите воо Вулверхемптон, додека Манчестер јунајтед на домашен терен одигра само нерешено со Евертон.

