18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАквизицијата на Apple ќе обезбеди уште поквалитетни фотографии на iPhone

Аквизицијата на Apple ќе обезбеди уште поквалитетни фотографии на iPhone

Apple го купи британскиот стартап, Spectral Edge Ltd. Оваа компанија разви технологија на истовремено сликање на обични и инфрацрвени фотографии, кои се споени со процесот на машинско учење, а резултатот е појасна фотографија со поприродни бои.

Тоа на технолошкиот гигант ќе му обезбеди предуслов во следните верзии на своите телефони да ја имплементира оваа технологија и дополнително да го подигне нивото на квалитет на најважниот дел од мобилниот телефон – камерата.

Според производителот, оваа технологија може да се имплементира софтверски или хардверски. Потенцијалната примена би можела да биде за подобрување на фотографиите направени во лоши светлосни услови (ноќни фотографии), но и во детален приказ кој ќе го понуди за безбедносни камери или дронови.

Засега не е позната вредноста на оваа аквизиција. Податоците кои можат да се добијат е дека Spectral Edge Ltd. во текот на минатата година собра 5,3 милиони долари од инвеститори. Според аналитичарите, Apple оваа технологија би можел да ја примени во својот AI за фотографии, но за потврда сепак ќе мораме да почекаме да ја види светлината на денот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП