5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛука Дончиќ со осми трипл-дабл сезонава

Лука Дончиќ со осми трипл-дабл сезонава

Лука Дончиќ со осмиот трипл-дабл сезонава, овојпат од 41 поен, 12 скока и 11 асистенции, беше предводник на Далас во триумфот над Детроит. Овој меч се играше во Мексико сити.

Кливленд кавалирс победи на гости кај Сан Антонио спарс во најинтересниот натпревар од кошаркарската НБА лига игран рано утрово, и со тоа „коњаниците“ ја запреа низата од осум порази по ред. Победникот беше одлучен после продолжение од пет минути. Во регуларниот дел, Кевин Лав во финишот погоди тројка за изедначување, и го спаси својот тим од пораз. Лав средбата ја заврши со 30 поени и 17 скока.

РЕЗУЛТАТИ ОД НАТПРЕВАРИТЕ ОДИГРАНИ НОЌТА ЧЕТВРТОК КОН ПЕТОК: Бостон – Филаделфија 109:115, Сан Антонио – Кливленд 109:117, Детроит – Далас 111:122, Денвер – Портланд 114:99.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП