28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајскапата Mac Pro конфигурација чини 52.599 долари

Најскапата Mac Pro конфигурација чини 52.599 долари

Apple почнува со продажба на своите Mac Pro конфигурации, чија цена се започнува од почетни 5.999 долари. Ова е секако многу пари за просечните корисници, додека ќе одговара на оние чија заработка зависи од тоа колку нивниот компјутер е брз.

Mac Pro е компјутер со голем потенцијал за прилагодување и надградба, а Apple на потенцијалните клиенти им нуди можности до неверојатно ниво – најскапата Mac Pro конфигурација чини 52.599 долари.

За тие пари добивате Intel Xeon W процесор со 28 јадра @2,5GHz (7000 долари), 4TB простор за складирање (1400 долари), две Radeon Pro Vega II Duo графички картички (уште 10.800 долари). Меѓутоа, веројатно најголемото изненадување претставува тоа што е можно да се додадат 1.5 TB RAM меморија. Тоа е дванаесет 128 GB чипови DDR4 ЕЕЗ меморија, а сето тоа чини дури 25.000 долари. Тука е и акцелераторот PCIe „Afterburner“ на Apple од 2000 долари и тркала за куќиште од 400 долари.

Apple истакнува дека оваа конфигурација нема да започне со испорака до крајот на јануари. Се разбира, не треба да го заборавите ни Pro Display XDR мониторот и неговиот држач од 1000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП