26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 12.12.2019

Дневен хороскоп 12.12.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес можете да очекувате дека среќата ќе ви помогне во многу нешта. Ќе напредувате и на работа и во љубовта. Денешното влијание на ѕвездите врз вас ќе ви помогне да се истакнете.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не сте задоволни со знаењето кое го покажал некој ваш соработник. Очекувате многу повеќе од вашите колеги. Можно е саканото лице да нема доволно доверба во вас, оставате впечаток дека често го менувате мислењето.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Покажете ги идеите на кои долго работевте и вашите соработници ќе бидат воодушевени. Ќе добиете максимална поддршка. Самодовербата ќе ви биде прилично голема, а тоа ќе биде позитивно за дополнително надградување и за успехот.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Можете да очекувате позитивен развој на случувањата на професионален план, се ќе ви оди во прилог денес. Доколку отворено ги покажете емоциите кон саканото лице, ве очекуваат среќа и задоволство и на љубовен план.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Не се брзајте со донесувањето на заклучоци, можно е да не е се онака како како што ви изгледа на прв поглед. Денес преиспитајте нечии зборови и совети, размислувајте за мислата која ви ја кажал близок пријател и потоа одлучете се како да постапите.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Би било добро денес да прифатите некој компромис во деловната соработка. Вашиот деловен партнер очекува малку да се опуштите. Уживајте во мирот и хармонијата која ја создадовте. Ќе се чувствувате добро со животниот сопатник.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Немате доволно доверба во своите соработници, што дополнително ви ја отежнува ситуацијата на работа. Се чувствувате добро во своја кожа кога сте слободни и кога на никој не треба да му се правдате за своите постапки.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ве очекуваат предизвици на деловен план. На вас ви е да докажете дали сте и дораснати на конкуренцијата. Можно е да станете прилично дистанцирани кон саканото лице, а тоа воопшто нема да му се допадне.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Доколку сте планирале да направите презентација на некој ваш проект, многу е важно да им обрнете внимание на ситниците. Не сте подготвени да стапите во врска со некој кој живее далеку, не се залажувајте. Оние во брак или врска ќе направат се за личноста која ја сакаат.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ве очекуваат мали трошоци во текот на денешниот ден, но тоа не треба да ви направи проблем. Сакате одамна да и пријдете на некоја личност која ви се допаѓа, но некако немате храброст. Посветете му се малку повеќе на семејството.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес ќе бидете вистински досадна личност на работното место, речиси сите ќе ги изнервирате, ќе зрачите со иронија, а тоа може и скапо да ве чини во иднина. Потрудете се да ги контролирате нештата, со цел да не тргнат во лоша насока за вас.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денес потрудете се да се фокусирате на вашата работа и не се оптеретувајте со гласините кои кружат. На љубовното поле не ве очекуваат некакви огромни промени. Малку ќе бидете пасивни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП