22 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКрај на лошата миризба на чорапите!

Крај на лошата миризба на чорапите!

Image_2130896_128

Британска фирма разви чорапи со јагленисани честички од зрна на кафе, кои ја отстрануваат лошата миризба на нозете.

Јагленисаните зрна дејствуваат како филтер, ги привлекуваат и неутрализираат молекулите кои предизвикуваат непријатна миризба.Специјално избработените чорапи ги направи трговската марка „Атлас“.

Експертите сметаат дека гранулите кои доаѓаат во контакт со стапалото, обезбедуваат и подобра вентилација и според производителите тие даваат чувство на свежина и во најголемите горештини.

Материјалот од кој е направен новиот производ содржи полиестер, памук и јагленисани гранули од зрнца кафе кои ја апсорбираат потта и лошата миризба. Тие дејствуваат на принципот на филтрите со јаглен, наменети за прочистување на водата.

Image_2130895_126

Според спроведените тестови од страна на производителите, новите чорапи три пати поефикасно ги апсорбираат лошите мириси, отколку памукот.

Сето тоа се должи на фактот дека зрнцата од кафе се обработуваат на посебен начин, за да бидат ослободени од своите масла и од мирисот на кафе. Потоа гранулите се мешаат со полиестерот и памукот од кој се произведуваат чорапите.

Два пара од немиризливите чорапи „Атлас“ чинат 18 фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП