28 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 03.12.2019

Дневен хороскоп 03.12.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Доколку на било кој начин во деловното поле сте поврзани со трговијата, можете да очекувате успех во деловните потфати, а тој успех ќе ви помогне да заблескате пред саканото лице и семејството во ново светло. Полни сте со љубов и среќа која сакате да ја поделите со партнерот.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ви се враќа материјалната сила и покажувате склоност кон наметнување на своите идеи. Само ако се контролирате, ќе бидете поштедени од етикетите за арогантно лице. Амбициозни сте и полни со ентузијазам. Друштвено сте многу активни. Плените со начинот на кој комуницирате и со леснотијата на изразување. Добро се чувствувате.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Многу сте инвентивни и полни со нови идеи. Ќе го препознаете вистинскиот момент да започнете со некои нови деловни аранжмани. Се трудите да ја зацврстите вашата положба на работа бидејќи ви е овозможена ретко добра прилика да покажете се што знаете. Љубомората на вашиот партнер е она што ве мачи. Здравјето ви е стабилно.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ова е вашето време. Можете да извлечете максимум од ситуацијата во која сте се нашле поради ваша вина, особено ако бидете попустливи и љубезни. Лицето кое ви е драго, пријатно ќе биде изненадено од вашите ставови. Ви претстои заеднички пократок пат со партнерот. Ќе имате проблеми со уринарниот тракт.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ова не е поволно време да ризикувате многу во работата, туку е поволно време да се повлечете малку настрана од кругот на пријатели. Некој кој ви е многу посветен ќе биде заинтересиран за вашата работа. Подготвени сте да бидете дел од нешто што може всушност да биде нов голем проект.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Деловната околина никако да го разбере вашиот начин на работа и да ги прифати вашите идеи. На вас дефинитивно не ви е до работа, ве окупираат проблемите во љубовниот живот. Не можете да најдете стабилен партнер кој ќе ви биде поддршка. Оние во сериозни врски или брак, блгодарение на релаксирачките животни филозифии, се чувствуваат одлично.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Доколку деловно сте поврзани со пари, ќе имате голем успех. Често ќе одлучувате да останете сами, ова е добро време да проверите дали вашите одлуки се добри. Ќе запознаете личност која е подготвена да ве сака. Проблеми со косата и ноктите поради проблеми со бубрезите.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Полни сте со внатрешна сила, инстиктивно знаете што треба да правите и доколку сте научиле да ја слушате вашата интуиција, можете да постигнете успех. Ако вашата врска им одолеала на искушенијата од претходниот период, ќе поминувате низ прекрасна фаза. Не го одложувајте заминувањето на лекар или забар.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Склони сте на нервозни реакции кои сериозно ја дразнат вашата околина, а најпосле многу ќе се покаете за вашите постапки. Можно е и саканото лице многу да го повредите, па да му дојдете преку глава со вашето однесување. Можете многу да загубите и да пропуштите прилика да добиете некакво признание.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Важно е да бидете свесни за своите способности и емоции. Можеби размислувате за започнување на работа со пријателите, сепак размислете добро. Вашите љубовни приказни зависат само од вашето расположение, можеби треба да ги согледате од малку поинаков агол вашите емоции.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Можеби без причина, без повод да ги промените вашите веќе поставени навики. Партнерските односи ви се многу важни, како и деловните така и приватните, тие всушност влијаат на вашиот успех и сигурност. Љубовта и романтиката се составен дел од вашиот живот. Нервозата влијае на вашето здравје.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Вие ништо не и оставате на случајноста, а штом не оди онака како сте замислиле, започнувате со силна борба да ги реализирате вашите идеи. Припадниците на овој знак кои имаат деца можат да очекуваат некакви проблеми во врска со нив. Убавите партнерски односи ве исполнуваат со топлина. Можни се алергиски реакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП