5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДалас и Дончиќ газат, тешка повреда на Кемба Вокер

Далас и Дончиќ газат, тешка повреда на Кемба Вокер

Втората победа по ред со над 40 поени разлика и повредата на вратот на Кемба Вокер, се главните вести од натпреварите од кошаркарската НБА лига кои се играа рано утрово.

Дирк Новицки кој е прв стрелец во историјата на Маверикс, за првпат сезонава го гледаше својот поранешен клуб од трибините, и тоа беше мотивирачки за „дивите телиња“ да го разбијат Кливленд Кавалирс со 143:101. Лука Дончиќ беше предводник со 30 поени и 14 асистенции, а не играше во последната четвртина.

На дуелот Денвер Нагетс – Бостон Селтикс, кој има припадна на домашните со 96:92, американскиот репрезентативец Кемба Вокер, во втората четвртина се здоби со повреда на вратот. Вокер бил пуштен од болница и добил дозвола да се врати со тимот во Бостон, каде ќе му бидат направени нови детални испитувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП