19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИмунитетот најдобро ќе го зајакнете со консумирање на моркови

Имунитетот најдобро ќе го зајакнете со консумирање на моркови

Главниот предуслов за здравјето е оптималното функционирање на имунолошкиот систем и затоа особено треба да се посвети внимание на зајакнувањето на одбранбените сили на организмот.

Нутриционистите препорачуваат свежо исцедени сокови од овошје и зеленчук, во кои прво место ќе завземаат морковите. Имено, резултатите од бројни студии покажале дека портокаловиот корен благодарение на изобилството на бета-каротен, е еден од најдобрите чувари на имунолошкиот систем.

Оваа драгоцена состојка е моќен антиоксиданс, а морковите, освен тоа се богати со витамини Д, Е и Б-комплекс, калиум, калциум, јод, цинк, кобалт, пектини и есенцијални масла.

Секојдневно треба да ги консумирате и производите од пчелите – мед, прав од полен и матичен млеч бидејќи се вистинска ризница на ензими и други хранливи елементи.

Споменатите својства се богати со витамини и минерали кои го зајакнуваат имунитетот, го уништуваат вирусот на грип, го забрзуваат метаболизмот, ја зголемуваат енергијата и издржливоста, како и отпорноста на стрес и болести.

Кога станува збор за зајакнување на имунитетот, најдобриот ефект се постигнува ако се консумира мешавина на база на мед, лук, тегавец, борови иглички и цимет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП