18 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто се случува со вашиот iPhone додека ја скролате Facebook апликацијата (видео)

Што се случува со вашиот iPhone додека ја скролате Facebook апликацијата (видео)

Се чини дека Facebook активно ја користи камерата на iPhone телефонот без ваше знаење додека листате.

До ова откритие дојде корисникот по име Џошуа Медокс, кој своето знаење го сподели на Твитер.

До „проблем“  доаѓа со Facebook апликацијата за iPhone, а видеото што го снимил јасно покажува дека камерата активно работи во позадина додека тој скрола на објави.

Сè уште не е познато дали е во прашање очекувано однесување или грешка во софтверот за iOS.

Но, без оглед на причината, ваквото однесување е вознемирувачко кога ќе ги земеме предвид сите проблеми кои ги имаше социјалната мрежа поради начинот на кој пристапува до личните информации на корисникот.

Исто така, секој сопственик на iPhone би требало да знае дека секоја апликација на која е даден пристап до камера може тајно да сними се што прави сопственикот на телефонот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП