Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,931.87 0.24%    BESK 5,700.00 0%    GRNT 940.00 -1.25%    KMB 5,997.97 -0.02%    MPT 66,000.00 1.54%    RZIN 46.00 -48.89%    SBT 2,600.33 0.01%    TNB 16,500.00 0.92%    TTK 1,282.00 0%    ZPOG 1,800.00 0%    

Алкалоид АД Скопје дел од најголемиот глобален саем на фармацевтската индустрија

Време: 11:10

Датум: ноември 11, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

„Алкалоид АД Скопје“ од 5-7 ноември годинава настапи како излагач на најголемиот саем на фармацевтската индустрија во светот: CPhI (Convention on Pharmaceutical Ingredients) кој се одржа во  Франкфурт, Германија.

На овој глобален настан, единствен од вакви размери од сферата на фармацевтската индустрија, секоја година учество земаат над 2500 излагачи и повеќе од 45000 посетители од  над 165 земји во светот. Саемот, или како организаторите го нарекуваат во буквален превод „Конвенција на фармацевтски состојки“ за прв пат е одржан пред 30 години и постојано бележи динамика на додавање на нови содржини и пораст на бројот на посетители и изложувачи. На листата на интереси највисоко котирани се активните фармацевтски состојки по што следат готовите фармацевтски формулации, инјектибилни форми/хормони/онколошки лекови, потоа безрецептни лекови итн.

„Алкалоид“ за прв пат на оваа конвенција присуствуваше во 2004 година, и оттогаш учествува како активен изложувач со цел прецизирање на договорите со глобалните добавувачи на супстанци и готови производи, лиценцирање на нови производи и дополнување на производното портфолио.

CPhI  е најважниот настан во годината од областа на фармацевтската индустрија. На едно место може да се најдат преку 30000 искусни фармацевтски професионалци поделени во 20 сектори меѓу кои: активни фармацевтски состојки, готови фармацевтски форми, фармацевтски пакувања и машини, интермедиери, договорно производство, биофармацевтски производи и друго. Настанот е извонредна можност за добивање на информации за најновите достигнувања од  областа на фармацевтската индустрија со цел да се одржи чекор со динамичните трендови на фармацевтскиот пазар.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • „Apple“ нема да плати даноци во Ирска во вредност од 13 милијарди евра

    „Apple“ нема да плати даноци во Ирска во вредност од 13 милијарди евра

    Европскиот суд на правдата ја поништи одлуката на Европската комисија (ЕК) да побара од „Apple“ да плати 13 милијарди евра даноци на Ирска, пишува „CNBC“.…

  • „Boeing“ испорача само 20 авиони во вториот квартал

    „Boeing“ испорача само 20 авиони во вториот квартал

    Американскиот производител „Boeing“ испорача само 20 авиони во вториот квартал, што не е неочекувано, но исто така и не е добро. Сагата околку моделот „737…

  • Растот на приходите на „Huawei“ забавува под притисок на САД

    Растот на приходите на „Huawei“ забавува под притисок на САД

    Кинескиот технолошки гигант „Huawei Technologies“ објави раст на приходите од 13,1% во првата половина од годинава, покажувајќи послаб раст, додека американските власти продолжуваат да вршат…

  • Познато виски ќе се продава во хартиена амбалажа

    Познато виски ќе се продава во хартиена амбалажа

    Johnnie Walker, виски старо скоро 200 години, наскоро ќе се продава во хартиена амбалажа. Diageo, компанијата која е сопственик на овој бренд, соопшти дека планира…

  • Искористи ги летните викенди за брза и интересна преобразба на домот

    Искористи ги летните викенди за брза и интересна преобразба на домот

    Копнеете по нов, модерно уреден дом? Сакате промена, но немате идеи? Што велите за мала, викенд преобразба? Следуваат неколку интересни предлози кои ќе ви помогнат…

  • Џек Ма продаде акции на „Alibaba“ за 8 милијарди долари

    Џек Ма продаде акции на „Alibaba“ за 8 милијарди долари

    Ко-основачите на „Alibaba“ значително го намалија својот удел во компанијата, откако продадоа акции во вредност од милијарди долари во изминатата година, пренесува „Reuters“. Годишниот извештај…

  • Најголемите светски банки се во Кина, HSBC најголема во Европа

    Најголемите светски банки се во Кина, HSBC најголема во Европа

    Најголемите светски банки се лоцирани во Кина, покажува ранг листата на магазинот The Banker. Industrial & Comercial bank of China, со седиште во Пекинг е најголемата…

  • Банкротираше бренд кој траеше 2 века и облече 40 претседатели

    Банкротираше бренд кој траеше 2 века и облече 40 претседатели

    Brooks Brothers, продававница за машка облека која постои веќе 200 години и која облече 40 американски претседатели, поднесе барање за банкрот. Познат е и како…

  • А1 Македонија продолжува со подароци за своите корисници

    А1 Македонија продолжува со подароци за своите корисници

    Новите активации на Е-сметка можност за освојување на електричен велосипед Електронските услуги и процесот на дигитализација кои станаа наше секојдневие, се поттик повеќе за А1…

  • Коронавирусот го зголемува корпоративниот долг за рекордни 1 трилион долари во 2020-та (ИНФОГРАФИК)

    Коронавирусот го зголемува корпоративниот долг за рекордни 1 трилион долари во 2020-та (ИНФОГРАФИК)

    Компаниите ширум светот оваа година ќе го зголемат својот долг до 1 трилион долари во обид да ги стабилизираат своите финансии среде пандемијата на коронавирус.…