29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИRedmi Note 8T со NFC поддршка достапен во Европа

Redmi Note 8T со NFC поддршка достапен во Европа

Xiaomi вчера го објави телефонот Xiaomi Mi Note 10 за европските пазари, а кинеската компанија, исто така објави дека во Европа ќе биде достапен и Redmi Note 8T. Во прашање е практично ист телефон како Note 8, само со интегрирана NFC подршка.

Redmi Note 8T има IPS LCD дисплеј од 6,3 инча, со пресек во облик на капки и 2340 x 1080p Full HD + резолуција. Телефонот работи со Snapdragon 665 чипсет, во комбинација со до 4 GB RAM меморија и до 128 GB простор за складирање податоци. Достапен е и microSD слот за проширување на складирањето.

Android 9 Pie OS нуди софтверска поддршка, а преку него оди MIUI 10 прилагоден интерфејс. Сè напојува батерија со капацитет од 4000mAh, а во пакување доаѓа 18W полнач.

Продажбата на Redmi Note 8T на европските пазари започнува следната недела. Моделот со 3GB RAM меморија и 32 GB складирање чини 179 евра, додека 4GB RAM + 128GB моделот чини 249 евра. Телефонот е достапен во сина, бела и црна боја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП