Првиот човек на Формула 1, Берни Еклстон изјави дека размислува да ја откупи патеката Нирбургринг во Германија која е во големи финансиски проблеми.
На оваа патека викендов ќе се вози Големата Награда на Германија во Ф1, но нејзиното оддржување беше одобрено откако Еклстон прифати помала надокнада.
Управителите на патеката веќе бараа инвеститори кои ќе го откупат целиот комплекс. Се очекува нејзината продажна вредност да не надимне 132 милиони евра, а заинтересираните купувачи ќе можат да ги достават своите понуди до 12-ти јули 2013-та година.
„Доколку ја купам патеката, тоа би значело дека во иднина Големата Награда на Германија ќе биде обезбедена“, рекол Еклстон.
Големата Награда на Германија секоја втора година се вози на Нирбургринг, поради тоа што се менува во Ф1 календарот со Хокенхајм.