27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook има ново лого и стратегија за брендот

Facebook има ново лого и стратегија за брендот

Гласините кои се појавуваа порано, сега се реализираа: Facebook се одлучи за измени во брендирањето. Компанијата претстави ново корпоративно лого и стратегија за брендот, за која смета дека појасно ќе го оддели Facebook како компанија од неговите индивидуални апликации.

За логото нема многу да се каже – во прашање е само името Facebook напишано со модерен фонт. Меѓутоа, новиот стил теоретски означува појаснување на сопственоста во ситуации кога на производите како што се Instagram, WhatsApp, Oculus и други се гледа ознака  “from Facebook” ознака.

Facebook апликацијата ќе го задржи сопственото брендирање и покрај новиот стил.

Се очекува новиот изглед да се појави во текот на следните неколку недели.

Секако дека се работи за козметичка промена во најголем дел, со оглед на тоа дека многу функционални интеграции во рамките на Facebook производите се случија пред неколку години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП