19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 04.11.2019

Дневен хороскоп 04.11.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Не сакате кога морате сами да раководите во деловниот живот, а притоа да бидете стоги кон соработниците. Личноста родена во знакот на Риби ве обожува. Забавете малку, чувајте си го здравјето.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Во љубовта чувствувате мала напнатост. Она што сте го замислиле не ви се исполнува на начин како што сакате. Наидувате на ѕид и ситуацијата ви се чини нерешлива. Време е да го смените пристапот и да престанете да ја притискате личноста која ви се допаѓа.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Премногу брзате. Ова е период за оние кои имаат повеќе трпение за важни деловни комуникации. Во љубовта ги криете вистинските чувства. Отворете се.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Во деловниот живот премногу сте оптеретени. Претерувате кога велите дека не ја чувствувате повратната љубов од саканото лице. Вашата нервоза ја пренесувате на другите околу вас.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Добро и позитивно влијание имате на деловната околина. Тоа ви помага да бидете уште посилни. Не сте претерано задоволни со љубовниот живот. Можна е осаменост. Чувајте се од настинки.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Имате зацртано јасна цел, но пречките на кои наидувате по малку ве обесхрабруваат. Партнерските односи се напнати и воопшто не се трудите да ги поправите. Мислите ви одат на друга страна, со што може да го загрози партнерскиот однос.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ако имате некој проблем тогаш решете го брзо и сами. На работното место ќе дојде до значителни пресврти. Дознајте колку еден Јарец ве симпатизира. Здравјето ви е добро.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Морате да попуштите пред некој Овен. Ништо нема да успеете без негова помош. Некако сте еуфорични поради случувањата во љубовта. Не мечтаете за големи и скапи подароци. Хранете се здраво.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе добиете награда за работата. Можна е добивка на пари. Во љубовта ќе западнете во некои игри или интриги. Чувајте ја вашата приватност. Често имате страв од болести, но ретко сте болни.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Можни се долгови, премногу трошите на неважни работи. Ги задушувате финансиите. Во љубовта мислите на емоции и љубов со некоја Девица. Рекреаирајте се преку спорт.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Постои можност на некој да му го пренесете знаењето и така да заработите. Во љубовта бидете итри, денот ќе ви биде интересен. Можна е кашлица и настинка.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Вашата работа трпи поради нејасните цели што ги имате. Во попладневните часови може да дојде до будење. Ќе сфатите дека е веќе минута до дванаесет и дека морате да делувате брзо ако сакате да се спасите од финансиски неуспех.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП