20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNASA: Четворица астронаути две недели на Месечината

NASA: Четворица астронаути две недели на Месечината

Научниците на NASA открија нови детали за планираната мисија на Месечината, а членовите на новата експедиција, наводно, по површината на земјиниот сателит би можеле да прошетаат дури четири пати.

За време на прошетките, астронаутите ќе соберат примероци, и ќе направат други научни интервенции, а пред човечка мисија, на Mесечината би можело да пристигне ровер, кој ќе може да се управува од далечина. Управувачката опција е опишана како “Tesla ‘Smart Summon’ опција, само на Месечината”, што значи дека мисијата ќе може да работи на повеќе пунктови, што ќе се овозможи да се соберат повеќе примероци.

Така, следната мисија на Месечината би можела да ги однесе астронаутите на површината на ова небесно тело, овозможувајќи им да поминат до две недели таму. Според NASA, мисијата би требало да се случи пред 2030 година, а по онаа што е планирана за 2024 година. Скептиците посочуваат дека агенцијата не ги добила потребните средства ни за првата мисија, и додаваат дека најавите сепак би требало да се земат со резерва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП