21 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung го откри дизајнот на флексибилниот уред

Samsung го откри дизајнот на флексибилниот уред

Samsung го откри дизајнот на новиот телефон, обидувајќи се да го преземе водството во трката за флексибилни уреди, по лансирањето на прв таков модел во септември. Новиот уред се преклопува хоризонтално на половина. Таков пристап се очекува на претстојниот уред Motorola RAZR, кој би требало наскоро да биде објавен.

Јужнокорејскиот гигант го објави тизерот за новиот уред на својата годишна конференција во САД. На него се гледаат концептите, но не е јасно дали ќе се развива финалниот производ, ниту кога би можеле да го видиме на пазарот.

„Неверојатен факт во врска со флексибилната технологија е што може да биде компактна како во видеото“, изјави Сали Хајсон Јеонг, директор за развој и истражување на технологија за мобилни телефони. Најголемиот производител на телефони во светот додава гас пред лансирањето на 5G телефоните и своите флексибилни уреди од 2000 долари, кои имаат голема конкуренција од ривалите Apple и Huawei.

Сепак, Samsung не откри кога уредот би можел да биде претставен во јавноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП