11 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигнаа новите Apple безжични слушалки (видео)

Пристигнаа новите Apple безжични слушалки (видео)

За сите оние кои се пожалија на изминатата генерација на бежични слушалки, Apple лансираше нов модел.

Слушалките не ги презентираа на некој настан или конференција, туку јавноста за нивното пуштање во продажба ја известија преку соопштение од компанијата.

Овие слушалки ќе го изолираат надворешниот шум и според наводите, во продажба ќе се појават утре, и тоа по цена од 249 долари. Слушалките имаат посебен сензор кој можете да го користите за контрола на музичката репродукција и да го активирате режимот на транспарентност.

Засега можат да се купат само во бела боја. Слушалките се така дизајнирани,што веќе никој нема да се пожали на тоа дека ќе им паднат од ушите, порачуваат од Apple.

Имаат и батерија која би требало да трае околу 4,5 часа, пренесува The Verge.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП