1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПовеќе од 500 ракометарчиња ја отворија втората сезона од КЛ7 КУП

Повеќе од 500 ракометарчиња ја отворија втората сезона од КЛ7 КУП

Над 500 момчиња и девојчиња од школате на капитенот од Струга, Битола, Охрид, Чешиново-Облешево, Богданци, Стојаково, Свети Николе и Делчево викендов ја отворија втората сезона од најмасовното ракометно натпреварување за ракометарчиња на возраст од 6-12 години.

КЛ7 Запад се одигра во Струга во две сали, а учесници на КЛ7 Запад како и вообичаено се КЛ7 Охрид, КЛ7 Струга и КЛ7 Битола. Струга уште еднаш се покажа како одличен организатор и домаќин на овој куп.

КЛ7 Исток го представуваат деца од повеќе градови и општини каде што работи школата на капитенот , Богданци Стојаково, Чешиново-Облешево, Свети Николе и Делчево како домаќин.

Натпреварите се одиграа исто така на две локации, а Делчево организаторската работа ја заврши на најдобар можен начин. На натпреварите и во двата купа, децата беа поделени по возраст, а во повозрасните категории и според пол, стартувајќи од 2011 и помали, 2009/10 и на крај децата родени 2006/08.

Вистински празник на ракометот и спортот воопшто се случуваше во Струга и Делчево изминатиов викенд, со многу насмевки на лицата на дечињата, многу задоволство кај родителите кои ги следеа натпреварите, што представува огромна сатисфакција за нас како организатори. Радува и податокот што секојдневно таа бројка на деца кој го сакаат ракометот расне, а од друга страна голема е радоста кога гледаме како раснат децата кои уште од почетоците на школата се дел од неа.

За потсетување, од лани преку 1000 деца кои се дел од КЛ7 на територија на цела Македонија во зависност од местоположбата на градот или населеното место поделени се во 4 купови , исток, запад север и југ. Со цел да им се овозможи проверка на стекнатото знаење на терен преку натпревари со своите другарчиња врсници редовно се организираат натпревари во рамки на овие купови. Со што се стимулира натпреварувачкиот дух, борбеноста, фер плеј играта, почитување на противникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП