25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛенард ги предводеше Клиперс до триумф над Шарлот

Ленард ги предводеше Клиперс до триумф над Шарлот

Предводени од Каваи Ленард, кошаркарите на Лос Анџелес клиперс го совладаа Шарлот хорнетс во еден од 11-те натпревари од НБА лигата одиграни ноќта меѓу понеделник и вторник.

Ленард уште еднаш покажа дека е огромно засилување за Клиперси оваа сезона. Тој мечот го заврши со 30 поени, седум скокови и шест асистенции.

Резултати:
Детроит – Индијана 96:94
Њујорк – Чикаго 105:98
Атланта – Филаделфија 103:105
Торонто – Орландо 104:95
Хјустон – Оклахома 116:112
Милвоки – Кливленд 129:112
Њу Орлеанс – Голден Стејт 123:134
Сан Атонио – Портланд 113:110
Феникс – Јута 95:96
Сакраменто – Денвер 94:101
ЛА клиперс – Шарлот 111:96.

По почетните кола без пораз, со по три победи досега се Минесота, Денвер, Сан Антонио и Филаделфија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП