
Првото „вистинско“ светско клупско првенство во фудбал со 24 тимови ќе се одржи во Кина во 2021 година, одлучи FIFA.


Првото „вистинско“ светско клупско првенство во фудбал со 24 тимови ќе се одржи во Кина во 2021 година, одлучи FIFA.
„Ова е историска одлука“, изјави претседателот на FIFA, Џани Инфантино.
Кина беше единствениот кандидат за организација на новото натпреварување.
Клубското светско првенство уште две години ќе се одржува по системот на елиминација, а на турнирот, како и до сега, ќе учествуваат шампионите на континентите.
Шампионите на Европа и Јужна Америка ќе играат од полуфиналето.
Во иднина, на клубскиот Мундијал ќе играат осум европски клуба (освојувачи и финалисти од Лигата на шампионите и Лигата на Европа во последните четири години), шест екипи од Јужна Америка, по три од Африка, Азија и Северна и Централна Америка, и една од Океанија.
Ќе се формираат осум групи со по три тима, а победниците одат во четвртфиналето.
„Ова е натпреварување кој секој љубител на фудбалот, секое дете, сите – едвај чекаат да започне“, изјави Инфантино.
Тој истакна дека Светското клупско првенство, кое ќе се одржува на секои четири години, во годината пред Мундијалот, а една година по Европското првенство, може да генерира 50 милијарди долари од спонзори, маркетинг и ТВ права.