среда, 1 февруари 2023
ПочетнаЗДРАВЈЕКако кокосовото масло влијае на мозокот?

Како кокосовото масло влијае на мозокот?

Освен што кокосовото масло може да се користи за нега на коса и кожа, и што се покажало дека има корисен ефект врз здравјето на срцето и на слабеењето, кокосовото масло има корисен ефект и врз здравјето на мозокот.

На мозокот му се потребни масти за добро да функционира и да ги зачува интелектуалните и вештините за размислување.

Кокосовото масло е богато со триглицериди со среден ланец – дури 60 проценти од ова масло се триглицериди со среден ланец, кои претставуваат брзо достапен извор на квалитетна енергија за нашето тело. Се смета дека кокосовото масло може да помогне при мигрена, како и кај Алцхајмерова и Паркинсонова болест. Со масло од кокос, на мозокот му обезбедуваме и одредена количина кетони за кои се покажа дека помагаат во борбата против воспалителните процеси и оксидацијата на клетките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП