28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПротекоа фотографии од свадбата на Надал

Протекоа фотографии од свадбата на Надал

Рафаел Надал и Марија Франциска Перељo Циска ја крунисаа својата 14-годишна врска со брак.

Свадбената церемонија и невестинската забава се одржале во Мајорка во замокот од 17 век „Са Форталес“, кој се смета за најскап приватен имот во Европа.

Целиот настан бил затворен за јавноста, па на гостите им било дозволено да влезат во имотот но без мобилни телефони.

Меѓу гостите биле поранешниот крал на Шпанија Хуан Карлос и неговата сопруга Софија, а од тенискиот свет сите Шпанци: Фелисијано Лопез, Марк Лопез, Хауме Мунар, Дејвид Ферер, Алберт Коста, Карлос Моја и други.

https://twitter.com/ingrideuce/status/1185527549675352065

Двојката нема да оди на свадбено патување бидејќи Рафа планира да игра на Мастерсот во Париз, но тие неодамна беа на Бахамите.

Колку и да се обидуваа Рафа и Циска да ги сокријат деталите, сепак фотографиите од нивната венчавка протекоа во јавноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП