18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGalaxy Fold 2 пристигнува во април, со две големи промени

Galaxy Fold 2 пристигнува во април, со две големи промени

Samsung објави дека Galaxy Fold се продава добро, и покрај историјата која ја следи овој прв телефон на преклоп. Таа вест е изненадувачка, затоа што чини 2.000 долари, и е достапен на ограничен број пазари. Верувале или не во тие приказни, Samsung дефинитивно верува во визијата за преклопни телефони, бидејќи за следната година најавува нова верзија на овој уред.

За првиот Galaxy Fold чекавме многу подолго отколку што првично се очекуваше. Samsung верува дека тие ги надминале сите „детски болести“ и дека времето до објавувањето на новиот телефон, Galaxy Fold 2 ќе биде значително пократко (во април, односно една година од моментот кога првата верзија беше објавена).

Покрај тајмингот, Samsung на новиот модел ќе смени уште некои работи. Според неофицијални извори, компанијата размислува за употреба на Ultra Thin Glass (UTG) заштитен слој, кој ќе го замени транспарентниот полимид (PI) филм. Тоа, теоретски, би требало да обезбеди подобра заштита од гребење, бидејќи сегашниот пластичен заштитен слој не е во состојба да го стори тоа.

Промените нема да завршат на тоа. Постојат индикации дека преклопот на телефонот поинаку ќе биде ориентиран. Наместо како што сега се отвара (како книга), новиот Fold 2 би можел да се затвори како „стипка“. Ова би значело дека Samsung кај новиот модел повеќе ќе се фокусира на преносливост отколку на големината на екранот. Сепак, ова не може да се смета за дефинитивна одлука, бидејќи постојат информации дека се размислува и за поголема Galaxy Fold 2 варијанта со екран од 8,1 инчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП