29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 17.10.2019

Дневен хороскоп 17.10.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Чувствувате потреба за размена на идеи. Веќе на прв чекор настапуваат разочарувања. Морате да бидете свесни дека моменталната смисла за комуникација не ви е силна страна. Се советува поголема доза на објективност. Парите нема да ви бидат проблем, но внимавајте да не ги трошите на глупости.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Креативноста и забавата ќе ви го одбележат овој ден. Имате желба да направите нешто кое ќе остане долго време да ве потсетува на убавите моменти. Не зборувајте ладнокрвно за нешто што навистина ве возбудува. Потиснувањето на возбудата може да предизвика да оставите погрешен впечаток и да испадне дека сте незаинтересирани за тема или личност што вам многу ви значи.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Не вртете се назад, имајте позитивни мисли ако сакате полесно да се справите со проблемите. Не преземајте конкретни чекори. Ако успеете да направите добра стратегија ќе ги насочите активностите на адекватен начин. Добро ќе се чувствувате кога добрите резултати на крајот од денот ќе ви донесат голема насмевка на лицето.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Околностите ќе ве поттикнат на промени во однесувањето, при што најсилни сојузници ќе ви бидат енергијата и вербата во себе. Денот ќе го поминете во тесна комуникација со другите. Ќе запознаете нови луѓе, ќе направите корисно познанство и ќе извлечете корисни лекции од искуствата на другите.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ви доаѓа нова енергија која ќе ви помогне во пребродувањето на тешкотиите на кои ќе наидете. Ќе бидете свесни за својата сила и ќе имате волја за да издржите во реализирањето на вашите оргинални идеи, иако околината тешко ќе ги прифати. Не чекајте туку веднаш почнете со уверувањето на вашите колеги за вашата генијалност.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Би можело да се случи да потклекнете пред нечие додворување и да сфатите колку е убаво да бидете освоен, но и да победите. Денот ќе ви помине во копнежно расположение, особено во случај доколку „страдате” од невозвратени чувства. Во вечерните часови ќе влезете во дискусија.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Во конфликт сте со желбите и можностите. Треба да направите компромис и да се задоволите со она што го имате. Вашите фантазии за нешто повеќе ви го нарушуваат мирот. Посакувате да избегате од работата, но тоа сега не е правилно решение.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Поради различните деловни интереси и правила кои ги наметнува една влијателна личност, морате да прифатите компромисно решение. Изгледате загрижено, бидејќи околината нема доволно слух за да го прифати вашето мислење. Но не се грижите, во текот на оваа недела ќе се решат сите проблеми, а вие повторно ќе заблескате.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес би можеле да се нервирате околу финансиските прашања. Веројатно само ги преувеличувате ситниците кои не ви се допаѓаат. Бидете малку поскромни во трошењето и малку реорганизирајте ги плаќањата на обврските и се ќе биде во ред. Важно е само да гледате објективно на секоја ситуација.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Вашиот финансиски успех во последно време може да ви изгледа премногу одличен за да биде вистинит. Ќе добиете поттик за уште еден чекор напред. Бидете задоволни со самите себе. Ако се чувствувате несигурни немојте да се плашите. Тоа е само моментална фаза. Овој период е одличен за инвестирање на пари.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Околу вас ќе забележите многу љубомора и компетитивност. Луѓето ќе се натпреваруваат за да докажат кој е подобар или кој е попопуларен. Не влегувајте во таа игра, бидејќи на крајот никој нема да излезе како победник, а таквата тивка борба ќе повлијае негативно на вашите односи со луѓето. Насочете се кон работата и исполнете си ги обврските, внимавајте некој Бик ќе посака да се расправа со вас, игнорирајте го.

 

Риби (20.02 – 20.03)

За вас е најнормално да сте опкружени со расположени и зборлести луѓе. Уживајте во денот, тој е многу поволен за вас, но пред забавата завршете ги прво работните обврски. Нешто ве измачува и ве тера да се сомневате во некого. Избегнете ги таквите чувства. Ќе бидете поголеми оптимисти и нема со сомнеж да гледате на секоја постапка на вашиот партнер или на пријателите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП