
Голманот на Шпанија, Давид Де Хеа, го повреди мускулот на левата нога во квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020 одигран синоќа во Стокхолм со Шведска (1:1).


Голманот на Шпанија, Давид Де Хеа, го повреди мускулот на левата нога во квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020 одигран синоќа во Стокхолм со Шведска (1:1).
Чуварот на мрежата на Манчестер јунајтед се повреди при судирот со напаѓачот на Краснодар, Маркус Берг и беше заменет во 60-тата минута со Кепа Аризабалага.
Според „А Бола“, Шпанецот може да го пропушти следниот натпревар од шампионатот на Англија со Ливерпул, што ќе се одржи на 20 октомври.
Селекторот на Шпанија, Роберт Морено соопшти дека голманот нема посериозна повреда.