23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung открива детали за новиот Galaxy телефон

Samsung открива детали за новиот Galaxy телефон

Сликите од претстојниот телефон Samsung S11, поради кои сегашните S10 и Note10 изгледаат застарени, во голема мера кружат на интернет.

На фотографиите кој ги објави BGR, а кои можат да се видат на интернет, Samsung поднел барање за патент кој открива телефон со целосен екран од раб до раб на телефонот, и тројна предна камера. Меѓутоа, гледајќи ги најновите модели достапни на пазарот кои отидоа кон намалување на бројот на камери, се поставува прашањето: „Што ги натера да ја променат одлуката?“

Добро упатени извори наведуваат дека постојат две можности. Првата е дека јужнокорејскиот гигант со следниот модел на серијата S извади екран под кој ќе бидат камерите што се чини како помалку веројатна опција за следната година. Единствениот од кој видовме дека направи и објави некој напредок на тоа поле беше кинески Xiaomi. Другата опција е дека просторот од една на три камери се шири поради дополнителна технологија за препознавање на лица. Таа можност изгледа дека е и поверојатна.

Во областа на безбедноста, Apple, Google и OnePlus оваа година поставуваат нови стандарди кои Samsung мора да ги следи, доколку сака да остане во игра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП