4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаководството на Манчестер јунајтед изразува целосна поддршка за Солскјер

Раководството на Манчестер јунајтед изразува целосна поддршка за Солскјер

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскхер нема да биде отпуштен од работа, пренесува „Дејли меил“. Според британскиот весник, 46-годишниот Норвежанец ужива целосна поддршка кај одборот на директори и американските сопственици, и покрај најлошиот почеток на тимот во последните 30 години.

Јунајтед досега на осум натпревари во Премиер лигата има само две победи.

Раководството се потпира на Солскјер на долг рок и планира да создаде нов тим под негово водство.

После осум кола Јунајтед има девет бода во Англиското фудбалско првенство и е само со два бода повеќе од екипите кои се во зоната на испаѓање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП