5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple планира да го претстави iPhone SE 2, цена не повеќе од...

Apple планира да го претстави iPhone SE 2, цена не повеќе од 500 долари

Nikkei Asian Report неодамна објави дека „Apple“ планира да лансира телефон следната година што нема да чини повеќе од 500 долари, кој практично ќе го наследи „iPhone SE“ од 2016 година. Во петокот, еден од најпознатите аналитичари за „Apple“, Минг Чи-Куо, предвиде дека компанијата на почетокот на следната година ќе лансира компактен и евтин телефон со подобрени перформанси.

Во своето предвидување, Куо изјавил дека новиот телефон треба да го има најновиот чип A13 Bionic и 3 GB RAM меморија. Ако го споредиме ова со некои претходни предвидувања кои велат дека телефонот може да има дисплеј од 4,7 инчи (иако станува збор за лесно променлива категорија кога станува збор за гласини), можеме да се обидеме да склопиме слика за новиот телефон. Пред две години, на интернет „протекоа“ голем број на слики од телефонот „iPhone SE 2“, но „Apple“ никогаш официјално не го претстави. Тие слики потсетуваа на „iPhone 8“ објавен истата година, па се шпекулираше дека тој телефон може да претставува основа за моделот SE 2.

Куо напоменува дека лансирањето на телефонот iPhone SE 2 би имало смисла, со оглед дека повеќе од 100 милиони корисници сè уште го користат iPhone 6, за кој не е предвиден најновиот  iOS 13. За ваквите корисници, iPhone SE 2 би бил идеален телефон за надградба.

Постои уште една причина зошто Куо верува дека наскоро ќе го поздравиме телефонот SE 2 – имено, продажбата на iPhone е во значителен и забележителен пад во последните неколку квартали. Се очекува дека со новиот iPhone 11 можеби ќе го забави тој тренд, а поевтиниот модел сигурно ќе додаде значителен ветер во грбот на Apple.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП