5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси го прокоментира неговиот однос со Гризман

Меси го прокоментира неговиот однос со Гризман

Суперsвездата на Барселона, Лионел Меси ги коментираше гласините дека имало конфликт помеѓу него и летното засилување, Антоан Гризман. Аргентинецот негираше недоразбирање со францускиот напаѓач, кој дојде на „Камп Ноу“ по долгата трансфер сага.

Според статистичките податоци од натпреварот во Лигата на шампионите, Меси и Гризман немаат скоро никаков контакт на теренот. За цели 90 минути од натпреварот, тие разменија вкупно 5 додавања – 2 од Гризман кон Меси и 3 во спротивна насока.

– Јас немам проблем со Гризман, како и со сите други играчи. Сè е во ред помеѓу раководството и играчите. Со оглед на победите над Интер и Хетафе, ние мора да го потврдиме успехот со тоа што ќе ја победиме Севиља, со цел да преминеме спокојно кон натпреварите на националните тимови, рече Меси, цитиран од „Кориере дело Спорт“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП