24 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 04.10.2019

Дневен хороскоп 04.10.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес денот ќе ви биде исполнет со многу деловни средби, но и покрај вашите очекувања нема да се случи ништо значајно. Стагнацијата во работата и забавениот прилив на пари ве предупредуваат дека мора малку попрецизно и повнимателно да ги распоредите финансиите.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе бидете во можност да остварите нова соработка и да ја поправите состојбата на финансиите, но не очекувајте премногу. Тоа е само чекор напред на патот кон нешто подобро. Потребно е да се позанимавате со средување на деловната администрација. Можно е да ве посети инспекција.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе бидете прилагодливи, па ќе ги реорганизирате плановите и ќе успеете да ги организирате своите обврски и вашите соработници, а тоа ќе ви го олесни и решвањето на проблемите. Со мудри потези ќе ја зацврстите вашата позиција.

 

Рак (22.06 – 22.07)

И понатака се обидувате да заблескате и да напредувате. Се се одвива забавено и со задоцнување. За да ја подобрите ситуацијата пронајдете поинакви методи. Советот од некоја Шкорпија многу ќе ви помогне.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Би било пожелно да ги избегнете стресните ситуации и лицата кои на вас делуваат вознемирувачки. Склони сте на премногу емотивно и драматично однесување, а тоа им штети на луѓето и нештата околу вас. Во љубовта ќе дојде до позитивен пресврт.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Имате осцилации во расположението, па можно е нервирање поради луѓе со кои соработувате но и живеете. Бидете повредни и поодговорни. Не му замерувајте на лицето кое се нуди да ви помогне.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Потпрете се на својот инстинкт и не дозволувајте некој да влијае на вашите одлуки. Во љубота придржувајте се на договорот кој сте го поставиле со саканото лице. Доколку не го направите тоа, ќе дојде до сериозни кавги, можно и до прекин на врската.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Збунети сте поради своите финансии. Приливот на пари кој сте го очекувале не дошол на време, а тоа ви ја пореметува организацијата. Партнерот се обидува да ви помогне со совети, тоа што ви го говори има смисла.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Малку нешта се одвиваат онака како што сте очекувале. На некој начин сте приморани да се прилагодите на ситуацијата која не ви одговара. Во љубовта генерално сте задоволни со односот кој го имате со партнерот.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Одличен ден за комуникација. Искористете го за да дојдете до нови контакти. Можна е ненадејна посета или повик. Доколку сте во врска, можете да имате проблеми поради ова.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денешниот ден ќе ви помине во размислување за вашите идни планови кои сакате малку побрзо да се случат. Не избрзувајте за некои нешта кои реално не се можни. Во љубовта можна е појава на мали недоразбирања поради некои ваши тајни.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Некогаш знаете сами на себе да си го искомплицирате животот. Не правете проблем без проблем. Ова е поволен ден за оние кои имат приватна фирма или работат некоја дополнителна работа. Можно е купување на недвижнини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП