20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan прави конкурент на Twizy

Nissan прави конкурент на Twizy

nissan-land-glider-press 121

„Nissan“ најверојатно работи на развој на урбано електрично возило кое би требало да биде понапредно од конкурентскиот автомобили на „Renault“ – „Twizy“. Шефот на компанијата за производствено планирање изјави дека моделот ќе ја комбинира агилноста на мотоциклот со предностите на автомобилот, како на пример заштитата од временските неприлики.

Етиен Хенри исто така изјави дека споменатиот „Twizy“ исто така се обидува да ги комбинира тие две карактеристики, но смета дека овој вид на возило може да биде оптимизирано.

Многу малку се знае за идниот модел, но се очекува неговиот дизајн да наликува на концептот „Land Glider“.

Хенри одби да потврди дали „Nissan“ работи на модел за сериско производство на концептот „Land Glider“, но истакна дека работат на многу интересно возило со многу предизвикувачка и значајна технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП