17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОва е најпопуларен телефон во светот

Ова е најпопуларен телефон во светот

DeviceAtlas објави податоци за 12 најпопуларни телефони во вториот квартал од оваа година, а судејќи според податоците, телефоните на Apple беа помеѓу најкористените во најголем број земји.

Во Велика Британија, iPhone моделите имаат 9,6 проценти удел на пазарот, во Франција 6,66 проценти, Шпанија 4,69 проценти, Италија 4,83 проценти, Холандија 7,66 проценти, Португалија 5 проценти, Романија 4,19 проценти, Русија 6,76 проценти, Турција 5,58 проценти и така натаму.

Во некои земји, како што е Мексико, iPhone 7 и 7 Plus завршија на првото и второ место.

Не е изненадувачки дека во Јужна Кореја, Apple не е на прво место бидејќи на тој пазар доминираат Samsung и LG.

Во Индија, втор најголем пазар на смартфони во светот, на прво место се наоѓа Xiaomi со моделот Redmi Note 4.

Сето ова укажува дека моделот на Apple, iPhone 7 во моментов е најпопуларен смартфон во светот, но тоа би можело да се промени бидејќи овој модел во следните 2 години најверојатно ќе ја изгуби поддршката за iOS, па неговите сопственици сигурно ќе се префрлат на некој понов модел.

IPhone 7 е претставен на 16 септември 2016 година и има 4,7-инчен LCD дисплеј, со чип Apple A10 Fusion кој го напојува батерија од 1.960mAh. На предната страна се наоѓа 7MP камера, додека на задната 12MP сензор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП