18 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 28-29.09.2019

Викенд хороскоп 28-29.09.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Се што треба да примените е повеќе да и верувате на саканата личност. Слободните овој викенд ќе имаат мали шанси да го променат својот статус. На работа ќе ви биде полесно. Нема да имате толку обврски како што имавте.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Видливо е задоволството кога станува збор за работата. Па така ќе продолжите во текот на следната недела. Гледајте максимално да се посветите на работните обврски и се ќе биде во ред. Одморете се овој викенд, наполнете ги батериите.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Брачната ситуација ќе се подобри. Бидете свесни на тоа дека е важно да имате подобра комуникација со саканата личност. Ако сте сингл ви се насмевнува можност за започнување на врска со личност која сте ја запознале преку семејството.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ако не сте во врска, одењето во ресторан со пријателите би можело да промени нешто. Активирајте се и ќе биде позитивно. Се уште се гледа стравот во вас, но не разбирате поради што е тоа. Морате да бидете посилни и да верувате во вашите квалитети. Ако не верувате во себе, тогаш нема никој друг да верува во вас.

 

Лав (23.07 – 22.08)

На работен план сте се посилни и посилни. Позитивната енергија ја пренесувате на работа, па поради тоа луѓето околу вас ќе бидат премногу среќни. Им годи вашето друштво, па поради тоа уживајте. На партнерот му одговара што сте среќни, па поради тоа и на него се пренесува позитивната енергија.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ако не сте во емотивна врска, треба да знаете дека сега е периодот за промена во врска со тоа прашање. Со помош на колегите ќе имате можност да запознаете постара и успешна личност. На вас е само да се препуштите на тие случувања и да уживате во истите.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Месечината во текот на викендот влегува во знакот на Јарец а вие добивате идеја како да се снајдете во новата работа за која ви е потребно големо искуство. Ќе добиете поволни вести во врска со нешто што ви е многу важно. Можно е да станува збор за работа со лица на висока позиција. Не се откажувајте од вашите планови.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Тврдоглавоста ве прави непријатни за разговор а со тоа правите и погрешни потези. Тоа може лошо да се одрази на односот со домашните но и со колегите, особено ако носите голема одговорност. Овој викенд одморете се од работа, излезете во природа и исфрлете го стресот.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во бракот се зголемува толеранцијата кон саканата личност. Разберете дека тоа е вистинскиот пат кон среќата. На работа покажувате одлични резултати и така ќе продолжите и во текот на наредната недела. Послушајте го телото, потребен ви е одмор.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

За слободните лица се гледа можност за авантура со постара личност со која неодамна се имате запознаено преку пријател. Опуштете се, прошетајте, дозволете си релаксација. Работните обврски може да почекаат до понеделник.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ако не сте во врска, постои можност на патување да запознаете интересна личност. На работа и натаму не е онака како што посакувате, но е малку полесно од претходно. Посветете се само на работата и немојте да бидете конфронтирачки настроени. Нека не ве депримира работењето за викендот, наредната недела ќе ви биде полесно.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Во одредени моменти сте идеален партнер, а во наредниот сте потполно љубоморни и посесивни. Запознавање со некоја личност од странство е можно за оние кои не се во врска. Вие сте личност која е свесна за своите можности и многу добро знаете кој и што ви мисли на работа, и како да се поставите со колегите, соработниците и раководителите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП