6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПонуда од 25 милиони евра и плус Вилја за Руни

Понуда од 25 милиони евра и плус Вилја за Руни

Wayne-Rooney-Manchester-United_2850433

Според пишувањата на шпанските медиуми шампионот на Примера Дивизион, Барселона сака во своите редови да го доведе напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.

Како што се наведува во информациите, каталонците се подготвени да платат сума од 25 милиони евра и плус во трансферот да го вклучат напаѓачот Давид Вилја. Доколку екипата на Манчестер Јунајтед се согласи на овој трансфер, Барселона ќе ги прекине преговорите со екипите на Тотенхем, Арсенал и Ливерпул, кои сакаат да го купат шпанскиот репрезентативец.

Минатата сезона 32-годишниот Вилја за тимот од „Ноу Камп“ одигра 27 натпревари во шпанското првенство и постигна 9 гола.

Додека пак 27-годишниот англиски репрезентативец, Вејн Руни во дресот на „црвените ѓаволи“ настапи на 37 средби, а притоа оствари 15 погодоци и имаше 11 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП