18 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 25.09.2019

Дневен хороскоп 25.09.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Некои ќе посакаат во работната околина или во самиот процес на работа да внесат некои новини за што денот е доста погоден. Можеби ќе имате и некој помал успех во работата кој нема многу да ви значи, бидејќи ќе биде резултат на тимска работа. Овнните од третата декада ќе бидат во нешто подобро расположение од другите претставници.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Претставниците на овој знак кои се во брак или во стабилна врска ги очекуваат расправии. Работите брзо можат да се доведат во ред доколку бидете подготвени отворено да го изразите тоа што ве прави незадоволни. Вашата потреба да ги потискате проблемите и да ја прикривате реалноста ќе ви донесе големи проблеми.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Среќен ден за вас. Ќе се чувствувате удобно во своја кожа, а тоа е така бидејќи бележите успеси на повеќе полиња. Ова е поволен период за секакви активности. Во љубовта работите се менуваат на подобро, а тоа на вас ќе ви донесе дополнителна среќа. Овој ден за вас ќе биде уште еден успешно поминат ден.

 

Рак (22.06 – 22.07)

На работното место блескате, речиси се ви е завршено и подготвено го чекате моментот некој да ве пофали. Во љубовниот живот е малку драматично, не можете да дознаете дали навистина ја сакате личноста со која сте заедно, се некако ви се чини дека врската нема смисла. Оние слободните не се во поволен период за нова љубов.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес ќе имате огромна среќа, па затоа пожелно е да играте некоја игра на среќа, најверојатно ќе добиете награда. Околината, поточно семејството ќе ви бидат поттик и поддршка за да чекорите храбро во бурниот живот. Денес ќе слушнете некоја позитивна вест.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе посакате сите обврски да ги завршите сами, но навистина ќе ви биде потребна помош за тоа. Побарајте помош од некој многу близок пријател, тој навистина нема да ве осуди за тоа. Ќе имате проблем и несогласување во семејството, редно време е да го промените однесувањето кон најблиските.

 

Вага (23.09 – 22.10)

На почетокот на денот ќе бидете добро расположени, но во текот на вечерта ќе дојде до промена. Всушност вас ве совладуваат емоциите и не можете да приметите дека работата одлично ви оди, соработниците го ценат вашето мислење и компанијата во која работите се надева на вашата помош.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Успешната тимска соработка, внатрешната хармонија, но и со околината носат пријатен и успешен ден. Бидејќи среќата ве следи на љубовен план, не оптоварувајте се со ситници, туку обидете се да се олабавите и да уживате. И покрај се, не ви е лесно, бидејќи се наоѓате во фаза на важни животни промени и одлуки.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Бидете вредни, избегнувајте ги расправиите со околината и ќе успеете. Ќе бидете задоволни со резултатите од вашата работа, но и од партнерот. Љубовта и парите за вас се еднакво значајни. Во поладневните часови опуштете се во друштво на пријателите и семејството.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе функционирате под влијание на радосни вести и пријатни изненадувања. На професионален план некој ваш соработник ќе ви помогне да преминете во акција и да ја повратите загубената сигурност и надеж. Финансиската ситуација не ви е одлична, но драстично ќе се подобри.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве очекуваат некои непредвидени настани, промена на планови и желби и голема динамика ќе ви го исполни денот, но не може да се рече дека тешко ќе се снаоѓате. Покрај тоа до вас се пријателите кои во вистинскиот момент ќе ви помогнат. Во љубовта задоволни ќе бидат само они кои се наоѓаат во сериозни врски.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Поволните финансиски резултати од вашата деловна преокупираност ве тераат секогаш одново да ја одложувате одлуката да го намалите ангажманот на работа, а повеќе внимание да си посветите себе си и на вашето семејство. Бидете внимателни со инвестициите, може многу да погрешите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП