24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWi-Fi 6 официјално пристигна

Wi-Fi 6 официјално пристигна

Новиот стандард за безжичен пристап на интернет Wi-Fi 6 стана достапен, а покрај тоа што ќе донесе поголема брзина и опсег, ќе го преуреди и начинот на кој рутерите управуваат со зголемениот број на интернет уреди во нашите домови.

Wi-Fi 6 ќе понуди брзини кои се околу 30 проценти побрзи од Wi-Fi 5, со теоретски максимални брзини на пренос околу 10 Gbps.

Wi-Fi 6 не е ново средство за поврзување со интернет, но тоа е подобрен стандард кои компатибилните уреди, особено рутерите, можат да се искористат за поефикасно да пренесат Wi-Fi сигнали.

За почеток Wi-Fi 6 рутерите ќе можат да спакуваат повеќе информации во секој сигнал кој го испраќаат, што значи дека ќе можат побрзо и поефикасно да комуницираат со уредите.

Wi-Fi 6 носи подобрувања во областа на безбедноста бидејќи ќе го забрза распоредувањето на WPA3. Корисниците ќе почувствуваат побрзи врски, особено кога се поврзуваат со преполна мрежа.

Стандардот е развиен со мислата за доаѓање на интернет на нештата.

Клучна функционалност на Wi-Fi 6 е OFDMA (ортогонална фреквенција со повеќекратен пристап), што со паметното делење на мрежата го прави поефикасен и ги намалува доцнењата.

Подобрено е и целното време на будење (TWT), што значи дека се согласувате со поврзаните уреди колку често тие ќе се разбудат и примаат и испраќаат податоци, со што ќе се подобри автономијата на уредите со погон на батерии.

Стандард кој официјално се нарекува 802.11ax се појавува веќе некое време – на пример, Netgear во април понуди четири такви рутери – но од сега, производителите можат на своите кутии да имаат и ознака “Wi-Fi-сертификувано”.

IPhone 11 и iPhone 11 Pro / Max ќе бидат меѓу првите кои ќе го добијат новиот стандард, а првиот сертифициран паметен телефон ќе биде Galaxy Note 10. Од сега се очекува бројот на такви уреди да расте рапидно.

Wi-Fi 6 е развиен од Институтот на инженери за електротехника и електроника (IEEE), најголемо светско здружение на технички експерти. Покрај низа други функции (чија мисија беше да се „унапреди технологијата во корист на човештвото“), IEEE во суштина е чувар на Wi-Fi, со комитет кој е одговорен за развој и поставување на индустриски стандарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП