18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle повторно го менува алгоритамот за пребарување

Google повторно го менува алгоритамот за пребарување

Експертите за SEO сигурно нема да бидат среќни кога ќе слушнат дека Google повторно ги менува своите алгоритми за пребарување вести.

Во својот блог потпретседателот на Google за вести, Ричард Гиндрас, наведува дека компанијата ќе се обиде да потенцира „оригинално известување“, кое ќе се рангира подобро (повеќе) во резултатите од пребарувањето. За да се реализира тоа, Google на своите вработени кои ги следат пребарувањата ќе им даде нови упатства, а нивните повратни информации би требало да помогнат во обуката на алгоритмот за пребарување.

Многу луѓе ќе бидат вознемирени од ова затоа што никој освен Google не знае какви ќе бидат последиците (прашање е дали знаат воопшто во Google). Затоа многу експерти веруваат дека тоа би можело негативно да влијае на деловните модели на многу веб портали кои постојано се борат со оптимизација на своите страници и прилагодување на мистериозните Google алгоритми кои се чуваат во тајност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП