20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКомпанијата која произведува шпионски софтвер има нова политика за човековите права

Компанијата која произведува шпионски софтвер има нова политика за човековите права

Израелска компанија NSO која произведува шпионски софтвер и која е обвинета дека им помагала на авторитарните влади да ги замолчат дисидентите, соопшти дека усвоила „нова политика за човекови права“ за да се осигурижа дека нејзините производи не се злоупотребени.

Оваа недела се најавени серија мерки за набљудување за да се осигура дека компанијата се придржува кон тоа и затоа отсега ќе го провери претходниот однос на потенцијалните клиенти спрема човековите права.

NSO се најде на удар минатата година поради продажба на својот софтвер за надзор на репресивните влади.

Компанијата не открива кои се нејзините клиенти, но се верува дека вклучува земји од Блискиот исток и Јужна Америка.

Еден саудиски дисидент ја обвини NSO дека е вклучена во убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги минатата година.

На почетокот на септември, полската влада беше под притисок да открие дали го купила софтверот на таа компанија, што потенцијално би можело да биде нелегален потег во таа земја.

Компанијата чие седиште е во Херцлиј, во близина на Тел Авив, има моќен софтвер кој може да ја преземе контролата врз мобилните телефони, камерите во нив и да ги претвори во уреди за набљудување.

NSO тврди дека нејзиниот производ го користи полицијата и разузнавачките агенции за борба против „криминалот и тероризмот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП