27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСуарез пред трансфер во Арсенал?

Суарез пред трансфер во Арсенал?

luis-500

Според тврдењата на локалните медиуми скандалозниот напаѓач на Ливерпул, Луис Суарез е пред трансфер во конкурентот на Ливерпул од Премиерлигата, Арсенал.

Тие се потпираат на фактот дека некои од најголемите букмејкерски куќи во земјата се прекинати влоговите за трансфер на 26-годишниот Уругваец на „Емирати“.

Како што е веќе познато, Суарез инсистира на трансфер поради тоа што не се чувствува добро во Англија поради големите скандали во кои е вмешан и поради мешањето на новинарите во неговиот приватен живот. Тој неколкупати изрази желба да премине во шпанскиот гигант Реал Мадрид, но преговорите со Ливерпул не вродија со плод.

Според весниците во Англија токму од Шпанија се добиени огромни влогови за трансфер на Суарез во Арсенал, што ги принудило букемејкерите да го затворат овој пазар.

Во моментов Суарез е на одмор со неговата сопруга, откако од Ливерпул доби повеќе време за закрепнување по завршувањето на турнирот за Купот на Конфедерации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП