Овен (21.03 – 20.04)
Денес е можен некаков скромен прилив на пари. Денот е одличен за работа и креирање на некои нови проекти. Не се откажувајте од планираните цели, бидејќи наскоро ќе се искачите уште еден чекор погоре.
Бик (21.04 – 21.05)
Не се предавајте. Грижете се повеќе за себе, за својот изглед и здравјето. Не се нервирајте поради тоа што имате премногу работа, денес се можни помали стресни ситуации, но на крајот од денот сепак ќе бидете задоволни.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Желни сте за некои нови случувања. Иако, денес немате доволно енергија, сепак ќе дејствувате на некој начин. Потрудете се да го средите завршувањето на започнатите обврски оваа недела.
Рак (22.06 – 22.07)
Дружете се повеќе со пријателите. Денес многу работи ќе ви одат од рака, па ќе забележите некои позитивни нешта. Денот не е добар за купување на апарати, затоа одложете го тоа за некој друг ден.
Лав (23.07 – 22.08)
Напнати сте. Потрудете се да не ги вклучувате емоциите во работата. Некое женско лице може да ве изнервира, но контролирајте се што ќе искоментирате. Работата можно е да ви зависи од некој повозрасен маж.
Девица (23.08 – 22.09)
Се чувствувате добро. Можно е некаде да отпатувате, на краток пат. Одличната соработка со некоја личност која не е од вашето место ќе ви донесе сјајни резултати. Внимавајте колку шеќер внесувате.
Вага (23.09 – 22.10)
Имате големо количество на енергија. Започнете да се занимавате со некој спорт. Не ги запоставувајте драгите лица кои ќе ви се обратат во овој ден. На работа стандардно, малку повеќе стресно.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Работата е важна, но немојте денес да претерувате со работењето. Организирајте се малку подобро. Напнати сте бидејќи имате премногу обврски. Страста ви е зголемена.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Не претерувајте со работата. Зафатените не треба да му даваат повод на партнерот за љубомора. Слободните ќе ја бараат својата шанса во секој што ќе се појави пред нив.
Јарец (22.12 – 20.01)
Нервозни сте. Сакате се да биде како што вие сте замислиле. Занимавајте се со спорт со цел да акумулирате подобра енергија. На работното место некој ќе ви префрли за нешто.
Водолија (21.01 – 19.02)
Поминете повеќе време со своето семејство. Бидете многу фини и кон колегите, тие навистина ве почитуваат. Денес не сте расположени за излегувања или некои нови познанства, но некој добар филм добро ќе ви дојде.
Риби (20.02 – 20.03)
Не сте расположени добро. Премногу лично ги сфаќате критиките и веднаш се лутите. Некој на работното место сериозно ќе ве предупреди за детското однесување. Можни се проблеми со циркулацијата.