Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,731.73 1.71%    BESK 8,200.00 0.13%    GECK 500.00 0%    GECT 500.00 0%    GRNT 949.73 -0.03%    KMB 5,585.97 -0.2%    MPT 67,188.50 1.05%    MTUR 5,305.51 0.1%    OKTA 4,504.00 -0.11%    STB 1,200.00 0%    STIL 100.00 0%    TEL 300.00 0%    TKVS 5,350.00 0.94%    TNB 16,816.26 0.09%    

Amazon воведува плаќање со дланка

Време: 13:11

Датум: септември 5, 2019

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заборавете на Apple и неговата кредитна картичка за која сите овие денови зборуваат. Овој нов начин на плаќање кој е најавен од компанијата Amazon, од вас ќе бара да имате само едно – вашата рака, поточно дланка.

Уште откако постои, Amazon прво го наруши малопродажниот пазар, со тоа што беше еден од првите кој понуди онлајн купување. Во поново време компанијата, исто така се обиде да ја наруши индустријата на супермаркети со своите продавници Amazon Go, во кои не постои каса, туку само сензори кои откриваат што сте земале и наплатуваат преку Amazon сметката на клиентот.

Сега изгледа дека гигантот за е-трговија сака да влезе и во индустријата за плаќања, и да го тестира кодниот систем наречен „Orville“ за скенирање дланка со која ќе се елиминира потребата за плаќање во готовина или кредитни картички.

Медиумите пренесуваат дека компанијата ги користи своите вработени во Њујорк како “заморчиња”, инсталирајки систем на автоматите за продажба на чипсови, газирани пијалоци и полначи за телефони.

За разлика од повеќето биометриски системи кои бараат да ја допрете површината на скенерот, кај верзијата на Amazon оваа технологија не е потребно физички да допрете било кој уред. Компанијата користи технологија на компјутерски вид и геометрија за идентификување големина и форма на вашата дланка пред да ги отстрани парите од кредитна картичка која ја имате и која претходно сте ја поврзале со сметката на Amazon.

Во компанијата се надеваат дека на почетокот од следната година ќе ја претстават технологијата во неколку свои продавници на Whole Foods.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Нови правила на Instagram- реклами за слабеење недостапни за малолетни лица

    Нови правила на Instagram- реклами за слабеење недостапни за малолетни лица

    Популарната платформа за споделување фотографии на Instagram воведува нови правила за корисниците кои промовираат производи за слабеење и козметичка хирургија. Според новите регулативи, некои објави нема…

  • Према преговорите со Пекинг, Трамп иззема од царина повеќе од 400 видови кинески производи

    Према преговорите со Пекинг, Трамп иззема од царина повеќе од 400 видови кинески производи

    Соединетите американски држави привремено исклучуваат повеќе од 400 видови кинески производи од царина кои администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе минатата година, потврди…

  • Будва – лето кое трае

    Будва – лето кое трае

    Доколку досега не сте ја посетиле Будва во септември или октомври, тоа значи дека не сте го запознале вистински овој медитерански град. Тогаш најдобро се…

  • Презентиран новиот закон за данок на моторни возила

    Презентиран новиот закон за данок на моторни возила

    За да се смени состојбата со возниот парк во земјава, а во насока на намалување на загаденоста на воздухот и заштита на животната средина, Царинската…

  • Трамп се состана со Закерберг, во Конгресот остри спрема Facebook

    Трамп се состана со Закерберг, во Конгресот остри спрема Facebook

    Извршниот директор на Facebook, Марк Закерберг, се состана со американскиот претседател Доналд Трамп, откако заменици на американскиот Конгрес остро го испрашуваа за неуспесите на социјалната…

  • Лагард: Tензиите во трговските односи го загрозуваат глобалниот раст

    Лагард: Tензиите во трговските односи го загрозуваат глобалниот раст

    Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (MMF) во заминување, Кристин Лагард, го оцени глобалниот раст како „кревок“ и „ранлив“, како резултат на тензиите во трговските односи.…

  • НЛБ Банка со промотивна кампања за Mastercard кредитните картички

    НЛБ Банка со промотивна кампања за Mastercard кредитните картички

    НЛБ Банка во периодот од 20.09.2019 до 20.10.2019 година спроведува промотивна кампања за НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица (Mastercard Standard, Mastercard Light, Mastercard…

  • Норвежани и Британци го градат најголемиот ветропарк во море

    Норвежани и Британци го градат најголемиот ветропарк во море

    Норвешката компанија Equinor и британска SSE Renewables заеднички ќе градат и експлоатираат најголем ветропарк во морето на брегот на Велика Британија. Таа инвестиција e вредна…

  • Сколс: Не мислам дека заминувањето на Погба ќе биде голема загуба за Манчестер

    Сколс: Не мислам дека заминувањето на Погба ќе биде голема загуба за Манчестер

    Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Сколс смета дека заминувањето на Пол Погба нема да биде загуба за тимот. Во текот на…

  • Либерти Скопје го прославува членството во ГФГ Алијансата

    Либерти Скопје го прославува членството во ГФГ Алијансата

    Меѓународниот индустриски и метал претприемач Санџив Гупта денес го пречека Либерти Скопје во ГФГ Алијансата и ја претстави својата визија за интегрирање на фабриката со…