Xiaomi подготвува дури четири различни паметни телефони со Samsung ISOCELL Bright HMX сензор од 108 мегапиксели.
Samsung својот нов сензор со рекорден број на мегапиксели го разви во соработка со таа кинеска компанија. Соработката сега ќе биде дополнително зацврстена со претставувањето на паметни телефони кои ќе го користат тој сензор.
Xiaomi, наводно, работи на дури четири паметни телефони на кои ќе се најде новиот сензор од 108 MP, објави веб страната XDA Developers.
Докази за постоење нови мобилни уреди се пронајдени во Xiaomi MIUI Gallery App, која неодамна доби поддршка за прикажување на фотографии од 108-мегапиксели во целосна резолуција.
https://twitter.com/i/status/1166985034516979712
Самата апликација уредите ги наведува под кодните имиња: „Tucana“, „Draco“, „Umi“ и „Cmi“. Во прашање се, најверојатно, уреди кои на пазарот ќе се појават под Xiaomi и/или од Redmi брендот.
Изгледа, ниту еден од овие четири уреди не е Mi Mix 4, за кој долго време се смета дека е првиот паметен телефон со камера која користи сензор од 108 мегапиксели.
За споменатите четири паметни телефони сè уште нема повеќе информации.