23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗагадувањето на воздухот негативно влијае на детското памтење?

Загадувањето на воздухот негативно влијае на детското памтење?

Шпанските научници предупредуваат дека децата на патот до училиште се изложени на загадување на воздухот кое негативно влијае на способноста за памтење.

Имено, лошите честички од воздухот кои се резултат на издувните гасови на превозните средства имаат штетен ефект врз когнитивниот развој на децата. До овој заклучок научниците дошле врз основа на истражување во кое учествувале 1.200 деца на возраст од 7 до 10 години од 39 училишта во Барселона.

Во текот на 12 месеци мерени се нивоата на загаденост на воздухот на патот од дома до училиштето на учениците, а потоа е испитувана способноста за внимание и краткотрајната меморија кај децата. Авторите на студијата заклучиле дека дури и краткорочната изложеност на високи концентрации на загадувачи може да дојде до забавување на развојот на краткорочното памтење кај децата. Тие забележуваат дека дури ни децата кои одат на училиште со превоз не се поштедени од негативните ефекти од загадувањето на воздухот, и дека единствено решение е да се намали бројот на возила на улиците и да се дизајнираат побезбедни и помалку загадени патишта од дома до училиште.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП