3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony тизерот укажува на помал Xperia телефон кој стои во дланка

Sony тизерот укажува на помал Xperia телефон кој стои во дланка

Sony објави тизер за „Xperia”, кој се совпаѓа со гласините од порано, а се однесува на постоењето на помал телефон – Sony Xperia 2 со 6,1-инчен екран.

Телефонот, наводно, има OLED екран со 4K резолуција и 21:9 сооднос на страните, исто како и Xperia 1 (кој е 6,5 инчен модел). Покрај тоа, се очекува Xperia 2 да има и Snapdragon 855 чипсет и три камери.

Интересно е што бојата на позадината од тизетот совршено одговара на рендерите, на кои наводниот Xperia телефон е прикажан во сина и виолетова варијанта.

Sony во текот на IFA саемот во Берлин, ќе одржи својата презентација на 5 септември, кога ќе дознаеме повеќе детали за претстојните производи на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП