Рафаел Надал без борба се пласираше во третото коло на ју-Ес опен. Неговиот противник Танасис Кокинакис се повлекол од турнирот поради повреда.
Надал без борба до третата рунда
Кокинакис, во моментов 203 на АТП листата, на покана на организаторот влезе на главниот турнир, меѓутоа повредата го спречи да му се спротивстави на Надал.
Инаку, во третото коло Надал ќе игра против Хјеон Чунг. Тенисерот од Јужна Кореја по голема борба и три часа и 26 минути со 3-2 го победи Фернандо Вердаско.
