24 јуни, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Дајк прогласен за Играч на годината на УЕФА

Ван Дајк прогласен за Играч на годината на УЕФА

Најдобриот играч за сезоната 2018/19 година е Вирџил ван Дaјк. Ова е прва награда за дефанзивецот на Ливерпул, кој победи во конкуренција на Лионел Меси (Барселона) и Кристијано Роналдо (Јувентус) за наградата која беше доделена за време на ждрепката во Лигата на шампионите во Монако.

– Патот тука е долг, но сакам да му се заблагодарам на мојот тим. Морав да работам многу сериозно и многу сум среќен што го добив овој трофеј и се искачив на уште еден врв. Благодарност до сите кои досега ми помогнаа. Како млад играч, можам да кажам дека мојот идол беше Роналдињо. Уживањето во играта, триковите – ми беше задоволство да го гледам како игра, но тој е мојот идол. Има многу други што не можам да ги спомнам, бидејќи има многу, но тие ми помогнаа, рече Вирџил ван Дајк при добивањето на наградата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар