18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone 11: Apple има нова цена за новиот iPhone

iPhone 11: Apple има нова цена за новиот iPhone

Но на крајот на денот корисниците нема да ја почувствуваат оваа промена.

Новиот извештај на аналитичката куќа JP Morgan открива дека Apple успеа да ги намали трошоците за производството на моделот iPhone 11, споредено со iPhone XS за 12 проценти, но корисниците веројатно нема да го чувствуваат тоа во своите паричници.

JP Morgan тврди дека сметката за материјали за iPhone 11 е намалена за 30 до 50 долари, а со оглед на тоа што сите суровини потребни за изработка на iPhone XS чинат 433 долари, тоа е голема заштеда.

Аналитичката куќа како причина за оваа заштеда ја наведува намалувањето на цените за меморија.

Но се чини дека корисниците нема да ги чувствуваат придобивките од оваа заштеда на Apple.

Во прашање е политика затоа што Apple ќе ги намали трошоците за да ја апсорбира заканата од нови даноци на стоки од Кина во тековната американско-кинеска војна.

И покрај ова, се чини дека Apple уште еднаш на прво место става профит, а не корисници.

JP Morgan наведува дека такси од 10 проценти имаат влијание на заработката од 8 проценти доколку Apple ги апсорбира тарифите.

Меѓутоа, две третини од сите iPhone модели се продаваат надвор од САД, па така Apple на крајот на денот сепак ќе ги почувствува придобивките од намалените цени на компонентите.

Компанијата исто така не планира да ја намали цената на iPhone моделот освен ако не се појават нови трошоци.

На крајот на денот, клучното прашање е дали новите iPhone модели ќе бидат доволно добри за да ја оправдаат дури и идентичната цена кои ја имале нивните претходници?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП