Кинеската компанија Huawei започна преговори со Русија за инсталирање на рускиот оперативен систем (ОС) Aurora на 360.000 таблети за спроведување на попис на населението во Русија следната година.
Huawei започна да бара алтернативен оперативен систем за Android на Google, а откако Вашингтон ја стави кинеската компанија на списокот со ентитети и се закани дека ќе го одземе пристапот до клучните компоненти и технологија, објави Reuters.
– Ова е пилот проект. Ние го гледаме како прво ниво на лансирање на рускиот оперативен систем на Huawei уредите – изјави извор од компанијата.
Друг извор изјави дека Huawei е заинтересиран за проектот со Русија, како и дека руската страна покажа таблети кои би можеле да се користат.
Портпаролот на компанијата потврди дека Huawei преговарал со руското министерство за комуникации, но не откри повеќе детали.